Семос Едукација оваа година прослави значаен датум. 27 години постоење и споделување знаење. Патувањето започна со еден прекрасен сон, на сега веќе не така млади ентузијасти, во време кога ИТ индустријата во Македонија сé уште се градеше од темел. Семос Едукација, мал start-up основан од незапирливи интелектуалци, со зацртани цели и неуморна желба да постават нови хоризонти во ИТ едукацијата, достапни за сите возрасти и профили – стана првиот ИТ едукативен центар во државава и воспостави нова димензија во дигиталната писменост.

Да се биде прв во најперспективната форма на едукација е привилегија. Гордост е да се заслужи довербата на стотици илјади слушатели низ годините кои одново и одново решаваат исполнувањето на своите кариерни соништа да го доверат на Семос Едукација.  Променивме многу животи, испишавме илјадници успешни приказни и придонесовме за развој на дигиталната писменост на многу генерации.

Изминатите 27 години донесоа бројни награди, предизвици, континуиран раст и развој за компанијата и вработените, но најмногу за нашите ценети слушатели. Некогашните слушатели кои во текот на годините ја одбраа Семос Едукација за своја доквалификација, преквалификација или квалитетна едукација, денес се професионалци во големи компании, сопственици на свои бизниси, успешни и исполнети индивидуалци. Сите тие се поттик за оние кои веруваат дека можат повеќе, да го следат нивниот успешен пример.

Со повеќе од 120 000 слушатели, над 300 ИТ курсеви и академии и со повеќе од 200 вработени и тренери, опфативме повеќе од 40 земји и успеавме да ја ставиме Македонија на мапата на земји со квалитетен ИТ кадар кој високо котира и во меѓународните компании.

27 години подоцна, сé уште споделуваме знаење во служба на сите оние кои знаат дека само преку едукација иднината е на нивна страна. Со ентузијазам продолжуваме да градиме посветена ИТ заедница, позитивни кариерни промени и иновативност.

На сите оние кои низ последните 27 години на каков било начин сте биле дел од нашата успешна приказна.

Од срце, Ви благодариме на довербата.

Претходна статијаЗапочнаа уписите за Телеком талент програмата на Сеавус
Следна статијаMicrosoft ќе ја пушти првата помала надградба на Windows 11 во октомври веднаш по пуштањето на Windows 11 2022 Update