Првата поголема надградба на Windows 11, кој беше претставен минатата година, доаѓа оваа есен. Што се ново донесува оваа верзија од оперативниот систем веќе знаеме, истата се тестира преку Windows Insider, а сега изгледа е познато и нејзиното име.

Според Get Started апликацијата која е дел од Windows, името на првата надградба на Windows 11 ќе биде Windows 11 2022 Update. Ова е различно од именувањето на Windows 10 надградбите кои го носеа и месецот кога се пуштени.

Причината за ова е што Windows 11 не се планира да биде ажуриран два пати годишно, па не е потребно да се вклучи и месецот.

Сепак, според информациите, Windows 11 нема да остане ретко надградуван со нови функции, па тие од идната година ќе бидат пуштани почесто преку новиот „Moments“ систем. Оваа информација уште не е официјална, а е дел од гласините дека Microsoft се враќа на стариот систем на пуштање целосно нова верзија од Windows на секои три години.

Ова значи дека во 2024 можеме да го очекуваме „Windows 12“, а дотогаш се’ ново што е планирано ќе биде пуштано веднаш по завршувањето на развојот. На овој начин корисниците нема да мора да чекаат еднаш или два пати годишно за нови функции.

Главните новини кои доаѓаат со Windows 11 2022 Update се промени во поставеноста на работите во Старт менито и можност за креирање на папки, враќање на можноста за повлекување на датотека во отворените апликации директно преку taskbar-от, нов изглед на Task Manager апликацијата, освежен изглед на File Explorer, со табови до крајот на годината и повеќе.

Достапноста на Windows 11 2022 Update се очекува да почне од септември, најверојатно од 20ти, а како и обично надградбата ќе биде пуштана во фази, а корисниците кои би сакале веднаш да ја добијат ќе мора самите да го притиснат копчето за проверка на нови верзии на Windows.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаФалсификувани смартфони содржат малициозен софтвер за следење на разговорите преку WhatsApp
Следна статија5 начини како да го извадите максимумот од секој тренинг со Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.