Фото: Shutterstock.com

Апликациите кои овозможуваат заштитени разговори преку нивно шифрирање се голема цел за пробивање на оваа заштита. Dr. Web компанијата откри еден начин, а тоа е преку продажба на фалсификувани смартфони кои во нив имаат малициозен софтвер.

Поточно, од компанијата имаат откриено смартфони кои се направени да изгледаат како некои од тие на познатите брендови, а малициозниот софтвер во нив е наменет за следење на разговорите во WhatsApp, како и WhatsApp Business.

Од компанијата истакнуваат дека кај овие смартфони е инсталирана и постара верзија од Android, 4.4.2, која ги нема денешните заштити, па малициозниот софтвер може да ја заврши својата работа.

Телефоните кои тие ги имаат тестирано имаат и слични имиња со тие кои сакаат да ги „имитираат“, односно P48Pro, radmi note 8, Note30u и Mate40.

Досега немаме слушнато за продажба на вакви телефони во нашата земја, па веруваме дека или нема или мал е бројот на корисници кои може да се предмет на оваа измама.

Dr. Web го објаснуваат начинот на којшто функционира овој малициозен софтвер на следниот линк.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаЕлон Маск го повика Џек Дорси, основачот на Twitter, на судскиот процес закажан за октомври
Следна статијаWindows 11 2022 Update треба да биде името на големата надградба на системот оваа есен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.