Фото: Shutterstock.com

Судскиот процес кој го покрена Twitter во обид да го натера Елон Маск да го продолжи процесот на купување на компанијата по откажувањето од негова страна, треба да почне на 17 октомври. Судењето ќе трае само пет дена, по што ќе треба да се види кога би била донесена одлуката.

Причината поради која Маск се откажа од купувањето на Twitter, за што понуди 44 милијарди долари, е тврдењето дека од компанијата погрешно ги претставуваат лажните и спам сметки за кои тврдат дека се помалку од 5%. Според Маск, оваа бројка е поблиску до 20%, што е огромна разлика која влијае на заработката која може да ја очекува доколку стане сопственик на мрежата.

Маск веќе почна да испраќа покани до одредени личности од Twitter да сведочат во негова корист, а сега го покани и основачот и поранешен директор на компанијата, Џек Дорси.

Не е точно познато како би требало Дорси да придонесе во процесот, но сепак како поранешен директор сигурно ги има сите потребни информации за мрежата и нејзината економска страна.

Дорси беше директор на Twitter до минатата година, што значи дека не може многу да се има променето во компанијата од кога тој не е директор.

По објавата на понудата од страна на Маск за купување на Twitter, Дорси излезе со поддршка и истакна дека тој е единственото решение во кое тој верува.

Исходот од судењето е далеку од сигурен, па дури и Маск се подготвува за ситуацијата да изгуби и да мора да продолжи со купувањето. Тој овој месец продаде акции од Tesla во вредност од скоро 7 милијарди долари, а и самиот истакна дека тоа е во случај да мора да го купи Twitter и доколку некој од партнерите се откаже.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаЗапочна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци
Следна статијаФалсификувани смартфони содржат малициозен софтвер за следење на разговорите преку WhatsApp
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.