Фото: Shutterstock.com

Елон Маск доби една мала победа во судската постапка која ја започна Twitter преку која од компанијата се надеваат дека ќе го натераат да го продолжи купувањето на мрежата од кое се откажа минатиот месец.

Конкретно, судијата во постапката му одобри пристап на Маск до документи од поранешен директор во Twitter кој од негова страна се смета како клучен за информациите кои му се потребни. Информациите кои Маск ги бара се поврзани со начинот на броење на лажните и спам сметки на Twitter, нешто што е истакнато како главна причина за откажувањето од намерата да ја купи мрежата.

Според Маск, Twitter има околу 20% лажни и спам сметки, доста голема бројка која влијае на можноста за рекламирање, односно за заработка на компанијата. Од друга страна, Twitter тврдат дека процентот е помал од 5%, но Маск сепак не верува во тие тврдења.

Поранешниот директор во Twitter, кој си отиде баш во периодот кога Маск најави дека ќе ја купи компанијата, треба да овозможи подобра слика за состојбата со сметките на мрежата.

Поради можноста да мора да го купи Twitter, како и можноста за откажување на некои од партнерите, Маск минатата недела продаде акции од Tesla во вредност од 6,9 милијарди долари. Од ова се гледа дека Маск се спрема за ситуацијата да мора да го продолжи купувањето на Twitter за кого понуди 44 милијарди долари.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаAmazon направи телевизиско шоу од видеата снимени со нивното паметно ѕвонче Ring
Следна статијаAmerican Airlines нарача 20 суперсонични авиони од компанијата Boom Supersonic
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.