Фото: Shutterstock.com

Ring е компанија која го произведува најверојатно најпознатото паметно ѕвонче за влезните врати. Amazon ја купи оваа компанија пред неколку години, па сега е дел од нивната понуда.

Видеа кои се снимени со Ring се познати по друштвените мрежи веќе подолг период, а во главно поради интересните и смешни ситуации кои ги имаат начекано. Нив секако ги објавуваат нивните сопственици.

Оваа компанија неколку пати беше позната и по проблемите поврзани со приватноста, како на пример соработката со полицијата и овозможување на видеата без согласност од сопствениците, но тоа е тема за друга статија.

Amazon реши да ја искористи популарноста на овие видеа и од нив да направи телевизиско шоу. Шоуто е наречено Ring Nation и ќе се емитува во САД, а направено од страна на MGM Television, компанија која исто така е во сопственост на Amazon.

Според информациите, на Ring Nation ќе се прикажуваат видеа кои ги имаат испратено сопствениците на Ring ѕвончиња, а кои вклучуваат видеа од соседи како спасуваат соседи, барања за брак, смешни животни и слично. Водител на шоуто ќе биде познатата комедијантка и актерка Ванда Сајкс.

Ring Nation треба да почне да се емитува при крајот на септември.

ИЗВОРTrusted Reviews
Претходна статијаAndroid 13 излезе од бета и им е достапен на корисниците на Pixel уредите од Google
Следна статијаСудија му одобри на Маск пристап до документи од поранешен директор во Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.