Фото: Shutterstock.com

На сослушувањето кое се одржа оваа недела, судијката Каталин Мекормик го одобри барањето на Twitter за судење кое ќе започне побрзо за нивната тужба против Елон Маск. Судењето треба да започне во почетокот од октомври. Маск од друга страна бараше судењето да почне дури во февруари идната година, тврдејќи дека порано нема време за да се подготви еден ваков случај.

Twitter го тужи Маск поради откажувањето од договорот за купување на мрежата, според кој доколку вакво нешто се случи, Маск треба да плати 1 милијарда долари. Понудата на Маск за купување на компанијата изнесува 44 милијарди долари, што е доста повеќе од пазарната вредност, дури и по веста за понудата.

Проблемот којшто го има Маск со Twitter, барем официјално и од тоа што се кажува, е бројката на лажни и спам сметки на мрежата. Според официјалните информации од Twitter, таа бројка изнесува околу 5% од бројот на корисници, но Маск поради некоја причина смета дека таа е многу поголема.

Тој бара пристап до податоците од мрежата за да може самиот да дојде до точната бројка, но тука настана и проблемот, па дојде и до откажување од купувањето.

Дали има некоја додатна причина за одлуката, не е познато, иако има шпекулации.

Судењето кое е закажано за почетокот на октомври треба да трае пет дена, што значи дека брзо би требало да имаме информација што понатаму ќе се случува. Ова може да значи дека до крајот на годината Маск ќе мора да ја продолжи процедурата за купување на Twitter.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаКако до функционален регионален систем за третман на отпад?
Следна статијаGoogle дозволи плаќањето во апликациите на Android да може да се прави со различни системи за наплата од Google Play
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.