Фото: Shutterstock.com

Елон Маск во текот на вчерашниот ден официјално поднесе барање преку неговите адвокати за раскинување на договорот за купување на Twitter. Ова во никој случај не може да се каже дека изненадува, а Маск веќе најави дека го одложува купувањето, па долг период немаше никаква информација што се случува.

Во барањето се истакнува дека Twitter го имаат прекршено договорот, а како главна причина за тоа тврдење се истакнува претходно објавениот проблем, бројот на лажни и спам сметки на мрежата.

Според Маск, Twitter има многу повеќе лажни и спам пораки од 5%, колку што од компанијата тврдат дека имаат. Тој побара пристап до информациите за да може сам да ја провери бројката, но од компанијата не го овозможија тоа.

Twitter нема да остави ова откажување да помине едноставно, па според договорот тие имаат право на тужба, како и наплата на 1 милијарда долари, сума договорена дека би се исплатила доколку Маск се откаже од купувањето.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаПоследен повик од ИТ.мк за вклучување во истражувањето за домашните ИТ професионалци
Следна статијаGoogle со нова функција која треба да ја намали „потрошувачката“ на Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.