Фото: Shutterstock.com

Елон Маск денеска објави нешто за кое сигурно голем дел од луѓето ќе кажат дека беше очекувано. Тој објави дека договорот за купување на Twitter е привремено ставен во мирување, во очекување на повеќе детали околу пресметката дека лажните и спам профилите на мрежата сочинуваат помалку од 5% од вкупната бројка на корисници.

При оваа објава, Маск става линк од Reuters, каде е објавена оваа информација, но не дава дополнително објаснување зошто ова би ја променило неговата одлука, односно зошто има доволно влијание за да почека со продолжување на процедурата за купување на оваа мрежа.

По одобрувањето на понудата во вредност од 44 милијарди долари од страна на одборот на директори на Twitter, Маск подоцна почна уште повеќе да ги објавува неговите планови за мрежата.

Едни од објавите кои привлекоа повеќе внимание се најавата дека привремено ќе стане директор на компанијата, до назначување на нов, а исто така најави дека ќе ја врати сметката на Доналд Трамп, за чие суспендирање истакна дека е морално погрешна одлука.

Нема повеќе информации за тоа на кој начин се планира потврда на бројката од 5%, односно помалку од 5% на лажни и спам профили и како тоа ќе влијае на продолжувањето на планот на Маск.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The New York Times
Претходна статијаНаправена првата слика од црната дупка во центарот на нашата галаксија
Следна статијаСе одржа „Freelance Conference” –  првата домашна конференција за фриленсери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments