Фото: Shutterstock.com

Елон Маск ќе биде новиот сопственик на Twitter, а ова е една од поважните новости изминатите недели, барем на оваа тема. Тој и пред официјализирањето на понудата имаше што да каже за мрежата, во главно со слободата на говор, но објавува и други идеи кои може да станат реалност во блиска иднина.

Според неофицијални информации, Маск ќе биде во позиција да ги спроведе сите свои идеи директно кога ќе заврши процедурата на купување на мрежата, преземајќи ја главната директорска позиција во компанијата.

Тој наводно не планира да ја држи позицијата подолго време, па ќе биде само привремено на истата, неколку месеци, по што ќе назначи нов директор. Моменталниот директор Параг Агравал нема да ја задржи својата позиција, а не е познато дали ќе остане во компанијата воопшто.

Процедурата на купувањето на компанијата ќе потрае повеќе месеци, односно се верува дека ќе поминат околу шест месеци додека Маск и официјално стане нејзин сопственик. Потребно е официјалното купување на акциите, но тука се и регулаторните тела кои имаат сопствени процедури, а не е познато дали може да се појават и одредени пречки од нив.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаКампањата „Биди срцевина, Биди херој“ во недела ќе биде дел од трката Скопје трча
Следна статијаСо Samsung Internet 17.0 приватноста и безбедноста на корисниците е на прво место
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.