Уште пред официјалното прифаќање на понудата на Елон Маск од страна на одборот на Twitter за купување на сите акции на компанијата, Маск почна да објавува некои негови гледишта и планови кои би требало да се дел од оваа друштвена мрежа.

Покрај повеќекратните објави за слободата на говор, една од повеќе познатите најави е воведувањето на можноста за измена на објавените „твитови“, нешто за кое од компанијата излегоа со информација дека тие на тоа веќе одреден период работат.

Овој месец Маск „твитна“ нешто што привлече уште поголемо внимание и не е познато што би се случило со мрежата ако тоа навистина се оствари. Маск најавува дека Twitter секогаш ќе остане бесплатен за обичните корисници, но со можеби мал трошок за деловните и владините корисници.

Претходно тој истакна дека падот на Масоните дошол поради давањето на нивните услуги бесплатно, по што се надоврзува за тоа како гледа на иднината на Twitter.

Со оглед на тоа што Маск многу често објавува секакви идеи на Twitter, не можеме да знаеме дали оваа ќе биде една од тие кои ќе се реализираат. Сепак, тој треба и официјално да стане сопственик на мрежата, па да почне да носи одлуки и да се види за кои ќе има логика да ги продолжи, а кои не.

Инаку, според информациите кои се достапни и од други страни, тоа што Маск смета дека треба да се наплати од деловните и владините корисници е можноста за користење на „quote“ функцијата, како и можноста за прикачување на објави на други страни. Користењето на мрежата и стандардното објавување би останало бесплатно за сите.

Претходна статијаБританската влада предлага воведување на посебен кодекс кај продавниците за апликации
Следна статијаАУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“ за подигнување на свеста за заштита на животната средина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.