Фото: American Airlines / Boom Supersonic

Boom Supersonic е американска компанија која работи на враќање на суперсоничните летови, а е и првата приватна која работи на развој на ваков авион. Од компанијата веќе го имаат концептот на авионот кој треба да почне да се произведува наскоро и е наречен Overture.

Познатата американска авиокомпанија American Airlines објави дека има постигнато договор за нарачка на 20 Overture авиони, со можност да нарачаат уште 40 доколку се помине како што треба.

Од компанијата истакнуваат дека тие имаат исплатено неповратен депозит за овие авиони, што значи дека не се работи само за желба или маркетинг, тие навистина планираат да го купат Overture.

Брзината со која може да лета овој авион е 1,7 пати од брзината на звукот, што е дупло повеќе од брзината со која летаат авионите во денешно време. Тоа кратко кажано ќе значи скратување за дупло на времето потребно да се стигне до одредени дестинации, па како што даваат пример од American Airlines, летот од Мајами до Лондон ќе биде нешто помалку од 5 часа.

Светот чека на враќање на суперсоничните летови уште од прекинувањето на работа на познатиот Concorde. Брзината на летот можеби не прави разлика за кратките летови до 2-3 часа, но затоа прави огромна разлика за тие по 10-12 часа.

„Гледајќи кон иднината, суперсоничните патувања ќе бидат важен дел од нашата способност да испорачаме за нашите клиенти. Возбудени сме за тоа како Boom ќе ја обликува иднината на патувањето и за нашата компанија и за нашите клиенти.“ – истакна Дерек Кер, главниот директор за финансии на American Airlines.

Boom Supersonic се очекува да ја отвори својата „Overture Superfactory“ до крајот на оваа година, а производството би започнало од 2024 година. Првите готови авиони кои се спремни за летање се очекуваат за 2026, односно како што беше и првично најавено од страна на компанијата.

Тоа значи дека пред крајот на оваа деценија може да се очекува конечно враќање на брзите летови, а American Airlines не се единствената компанијата која планира нарачки од Boom Supersonic.  

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2American Airlines
Претходна статијаСудија му одобри на Маск пристап до документи од поранешен директор во Twitter
Следна статија„Невидлив прст“ развиен од инженери може да контролира екрани на допир од далечина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.