Инженери од University of Florida и University of New Hampshire за време на Black Hat USA 2022 презентираа концепт технологија која може да се користи за напад и контрола на уредите со екрани на допир. Сепак, оваа технологија може да најде примена и во лабораториите каде контролата на одредени уреди не може да се прави директно од човекот.

Концепт технологијата е наречена „невидлив прст“, а името доаѓа од фактот дека инженерите успеале да го постигнат токму тоа, контрола на екраните на допир од далечина без директно допирање.

Ова се постигнува преку генерирање на електромагнетно поле со точна фреквенција преку кое се испраќа волтажа до екранот за да може да ја прочита како класичен допир.

Модерните екрани на допир во основа и така функционираат, односно како допир се детектира промена во волтажата, со што се смета дека корисникот допрел на тој дел од екранот.

За работа на технологијата се користат неколку антени и роботска рака, а истата може да контролира уреди на оддалеченост од неколку сантиметри, но не и подалеку.

Во оваа фаза оваа технологија е доста ограничена, но како што истакнуваат инженерите кои ја имаат развиено, сега кога е познато што може да се направи, други може да ја унапредат.

Како тест за можноста на „невидливиот прст“ користени се уреди како iPad, OnePlus, Google Pixel, Microsoft Surface и слични. Успешно се симулирани активности како допир, долг допир, повлекување и слично.

Како еден начин за заштита од можни идни напади кои би користеле ваква или слична технологија, се истакнува една функција која порано беше достапна на iPhone, а тоа е детектирање на притисок за да функционира екранот, а не само промена на волтажата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаAmerican Airlines нарача 20 суперсонични авиони од компанијата Boom Supersonic
Следна статијаWinamp нема да остане само софтвер за пуштање на mp3 музика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.