Минатиот месец ја видовме новата верзија од легендарниот Winamp после подолго време, со што стана јасно дека развојот на оваа апликација дефинитивно продолжува како што се најавува.

Сепак, во време кога повеќето корисници музиката што ја слушаат е преку некој од достапните стриминг сервиси, симнувањето на посебни песни не е нешто што е практика веќе.

Winamp соодветно ќе се прилагоди на оваа ситуација, па во месеците што следат ќе почнат да овозможуваат апликацијата да се користи како платформа од страна на „креаторите“.

Од компанијата веќе почнаа со промоција на 25.000 места за кои креаторите ќе можат да се регистрираат и да добијат одреден период на бесплатно користење на платформата.

Со ова Winamp ќе им овозможи на музичарите да ги промовираат своите песни преку Winamp и да бидат во директен контакт со фановите и слично.

Ќе видиме колку креатори ќе бидат заинтересирани да го користат Winamp кога на пазарот ги има сервисите како Spotify и сличните, но доколку цената која ќе треба да ја платат, во споредба со заработката се добри, сигурно голем дел од нив ќе искористат уште еден начин за промоција на нивната работа.

Winamp има голем број на фанови кои уште ја користат апликацијата, па промоцијата на музика на овие корисници е одличен начин пробивање, посебно за новите креатори.

ИЗВОРEngadget
Претходна статија„Невидлив прст“ развиен од инженери може да контролира екрани на допир од далечина
Следна статијаWhatsApp има нова апликација за Windows која работи независно од телефонот и е целосно развиена за овој систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.