По продажбата на Winamp од страна на AOL во 2014, во 2018 беше најавено дека може да се очекува целосно нова и редизајнирана верзија од овој легендарен плеер од деведесеттите. Белгиската компанија Radionomy сепак не претстави целосно нова верзија од Winamp, па сега е пуштена само надградба на апликацијата која последен пат беше ажурирана во 2018.

Новата верзија ја носи бројката Winamp 5.9 RC1, односно уште не се смета за целосно финална и завршена верзија и поради тоа има одредени багови и проблеми.

Што се однесува до новините во оваа верзија тие вклучуваат подобрена поддршка за Windows 11, поддршка за vp8, https://streams, поддршка за .itz, .mdz, .s3z и .xmz и уште по некоја исправка на багови.

Winamp го задржува стариот изглед и можноста за избор од различни теми, иако новата верзија ја трга поддршката за дел од нив. Исто така, не функционираат дел од познатите плагини и ефекти, но основната функционалност на апликацијата е тука.

Симнувањето на Winamp може да се направи стандардно од нивната страна на winamp.com.

ИЗВОРgHacks
Претходна статија​ТИРЗ со поддршка на младински организации за отворање нови можности за работа на младите
Следна статијаInstagram ги откажува најавените промени кои ќе ја направеа апликација послична со TikTok
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.