Поради желба за поголема конкурентност со моментално најпопуларната апликација TikTok, Instagram, а и Facebook, почнаа да воведуваат одредени промени кои во основа ги воведуваат дел од карактеристиките на TikTok.

Главниот на Instagram, Адам Мосери, оваа недела објави видео изјава преку која се обиде да ги „оправда“ промените истакнувајќи дека корисниците и без нив се почесто ги гледаат објавите во видео формат, а ги одбрани почестите препораки на листата со новости како начин да им се помогне на креаторите.  

Критиките кои веќе ги имаше станаа уште поголеми после ова видео, а на нив се приклучија и некои познати личности од САД кои побараат „Instagram да остане Instagram“.

Во интервју за Platformer, Адам Мосери сега најави дека од компанијата ќе ги намалат промените, односно промените кои требаше постепено да бидат воведени кај сите корисници, сега ќе бидат откажани.

Корисниците кои биле дел од тестот за прикажување на објавите на целиот екран од апликацијата, во неделите што следат ќе им бидат вратени во стандардниот формат, а исто така корисниците нема да гледаат поголем број на препорачани објави.

Оваа одлука сепак не е дефинитивна, односно е привремена. До развојот на подобри препораки, како и доволно промени кај начинот на користење на мрежата, Instagram ќе остане Instagram, но со тек на време овие промени, барем дел од нив, ќе станат дел од апликацијата.

„Мило ми е што ризикувавме – ако не правиме грешки од време на време, не размислуваме доволно големо или доволно храбро. Но ние дефинитивно мораме да се повлечеме чекор назад и да се регрупираме. Кога ќе научиме повеќе, тогаш ќе можеме да се вратиме со некоја нова идеја или форма. Значи ќе работиме да го надминеме ова.“ – истакна Мосери во интервјуто.

Претходна статијаПуштена првата нова верзија од Winamp после подолго време
Следна статијаSamsung го најавува глобалното лансирање на комбинираната машина за перење – Bespoke AI™ со паметни и одржливи решенија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.