Winamp, апликацијата без која не можевме во деведесеттите, сега е веќе со години оставена на својата последна верзија. Развојот на истата беше прекинат, иако ден денес се верува дека има преку 100 милиони корисници во светот, па наместо да се откаже целосно, сепак апликацијата беше продадена.

AOL како сопственик го продаде Winamp на белгиската компанија Radionomy која најави дека нема да ја откаже апликацијата, но и ќе продолжи да ја развива, иако главниот интерес на оваа компанијата беше радио сервисот Shoutcast.

Од белгиската компанија после неколку години, излегоа со информација дека развојот на Winamp продолжува и идната година може да очекува целосно нова верзија која ќе ја носи ознаката Winamp 6.

Winamp ќе биде целосно преработен и според најавите, покрај старата можност за слушање на mp3-ки, апликацијата сега ќе биде и повеќе насочена кон слушање на радио станици, како и стриминг на содржина.

Ќе биде интересно да се види дали преку оваа апликација, која ќе има и мобилни верзии, ќе можат да се слушаат некои од познатите стргиминг сервиси како Spotify, Play Music и други.

До пуштањето на Winamp 6, ќе биде пуштена уште една верзија овие денови, односно верзијата 5.8, која ќе донесе одредени подобрувања во стабилноста и исправка на багови на веќе старата апликација.

Сигурно огромен број на корисници ќе ја поздрават оваа одлука и со нетрпение ќе го чекаат пуштањето на новата верзија. Како што би се очекувало, статистиките покажуваат голем број на корисници надвор од САД, односно во земјите каде плаќањето за музика не е уште „нормално“.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаPorsche Design и Huawei го претставија новиот PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate 20 RS
Следна статијаШто (не) смее Државата да следи од нашите податоци? (1/2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.