Boom Supersonic е компанија која го развива првиот суперсоничен авион развиен независно од приватна компанија. За потсетување, познатиот Concorde беше финансиран и поддржан од страна на владите на неколку земји, меѓу кои Британија и Франција.

XB-1 е првиот концепт авион од Boom Supersonic кој од компанијата оваа недела го претставија во неговата финална, односно изградена форма спремна за летање. Со овој авион од компанијата планираат да ги тестираат нивните технологии со цел пуштање на нивниот комерцијален суперсоничен авион во годините што следат.

Ова летало е секако доста помало од тоа што би било наменето за комерцијалните летови, кое е наречено Overture. Overture се планира да почне да лета до 2026, по што се очекува да го користат и авиокомпаниите кои според Book Supersonic веќе имаат направено доста нарачки.

Overture

Преку XB-1, кој се планира да почне со тест летови идната година, се планира да се тестираат повеќе делови од леталото, како што се формата, материјалите кои се користат, крилата, моторите и слично. За сите овие делови од компанијата истакнуваат дека посебно се развиени и ќе овозможат враќање на суперсоничните летови кај комерцијалните компании.

Идејата на Boom Supersonic е да овој пат комерцијалните летови бидат достапни за сите, а не само за побогатите. Исто така, инспирацијата за развој на едно вакво летало е скратување на времето потребно да се патува низ светот кој станува се помал.

Презентацијата на изградената верзија од XB-1 можете да ја погледнете во продолжение.

ИЗВОРArs Technica
ИЗВОР 2Boom Supersonic
Претходна статијаКлима уредите Samsung Wind-Free™ – решение за секоја доба од годината со минимални трошоци
Следна статијаCycle4Charity – хуманитарна велодружба на IT компанијата Intertec за помош на социјално загрозени семејства
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.