IT компанијата Интертек, ја најавува својата прва хуманитарна велодружба под име “Cycle4Charity”, во превод „ВозимеЗаДобротворниЦели“, која ќе се одржи на 27 октомври, со почеток од 17:30 часот. 

Како големи љубители на велосипедизмот и поддржувачи на многубројни настани од добротворен карактер, Интертек поткренува иницијатива и ги повикува сите хумани граѓани, свои соработници и ИТ компании да земат учество во првата хуманитарна велодружба “Cycle4Charity”.

Средствата кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и е познато по реализирање на хуманитарни активности под името „Вистински Дела На Љубезност“.  

Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со донација од 200 денари на жиро сметката на Интертек со дознака донација за Cycle4Charity. 

ИТ компаниите, кои сакаат да земат учество, можат да се вклучат индивидуално или како компанија поддржувач на настанот, со тоа што пред самото случување, својата донација треба да ја направат на жиро сметката на Интертек со дознака донација за Cycle4Charity.

Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.

Овој настан е одличен начин да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во нашата заедница и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера.

Како да донирам?

Цел на дознаката: Уплата за донации Cycle4Charity

Назив на налагопримачот: ИНТЕРТЕК.ИО ДОО Скопје

Трансакциска сметка на налагопримачот: 210-0702218201-07

Банка: НЛБ Банка АД Скопје

Шифра на плаќањето: 562

Точната локација и рутата како и повеќе информации за хуманитарната велодружба “Cycle4Charity” ќе бидат дополнително објавени на официјалните Facebook и LinkedIn профили на Интертек. 

Претходна статијаBoom Supersonic го претстави XB-1 авионот кој треба да доведе до враќање на комерцијалните суперсонични летови
Следна статијаИстражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата