Фото: Shutterstock.com

Елон Маск оваа недела продаде дополнителна количина акции од Tesla, компанијата која ја основа, во вредност од скоро 7 милијарди долари, односно 6,9 милијарди. За оваа сума Маск продаде 7,92 милиони акции.

Како главна причина за оваа одлука се истакнува можниот исход од судењето кое е закажано за 17 октомври, на кое Twitter може да победи и Маск да мора да продолжи со купувањето на оваа друштвена мрежа.

Исто така, доколку дојде до ваква одлука, но и откажување на некои од неговите партнери во зделката, потребно е да има доволно пари за нејзино извршување. Маск сепак смета дека шансите за тоа не се големи.

Маск поднесе понуда која по кратки проблеми беше прифатена од страна на одборот на директори на Twitter за купување на компанијата за 44 милијарди долари, но после неколку месеци тој се откажа од оваа намера.

Причината за ова беше тврдењето на Маск дека Twitter нереално ја има прикажано бројката на лажни и спам сметки на мрежата, нешто што би направило голема разлика во вредноста на компанијата.

Од Twitter тврдат дека бројката на вакви сметки е под 5%, но Маск смета дека процентот е многу поголем. Тој се обиде да добие пристап и да ги провери овие тврдења, но на крајот кажа дека тоа не му било дозволено.

Twitter се одлучи да го тужи Маск за прекршување на договорот за купување на компанијата, нешто за кое тие може да добијат 1 милијарда како казна која е дел од договорот.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаРСБСП: Совети за безбедно лето 2022
Следна статијаSamsung денеска гo претставува Galaxy Z Fold4, гледајте го настанот во живо
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.