Со почеток во 15:00 часот по македонско време, Samsung ќе го одржи нивниот Galaxy Unpacked August 2022 настан кој повторно ќе се пренесува во живо преку YouTube.

На овој настан ќе бидат претставени доста интересни уреди, па дефинитивно ќе вреди да се гледа.

Според нас, главниот уред кој ќе биде претставен е Galaxy Z Fold4, односно наредната генерација од одличниот уред кој со преклопување се претвора од мал таблет во смартфон.

Четвртата генерација од Galaxy Z Fold се очекува да донесе неколку новини кои ќе го направат уште попривлечен за користење. Се очекуваат промени во димензиите, а посебно во ширината на надворешниот екран, овозможувајќи им на корисниците послично искуство како со обичен смартфон кога уредот е затворен.

Покрај овој уред, треба да ја видиме и наредната генерација од другиот уред на преклопување од компанијата, односно Galaxy Z Flip4.

Дополнително, Samsung треба да ги претстави и Galaxy Watch5, Galaxy Watch5 Pro, како и нова генерација од нивните безжични слушалки.

Но, да не продолжуваме со претпоставките, отворете го овој линк и гледајте го настанот во 15:00 часот, а за да не заборавите, притиснете на копчето за потсетник.

Претходна статијаЕлон Маск продаде акции од Tesla во вредност од 6,9 милијарди долари поради можниот исход на тужбата од Twitter
Следна статијаРеакција од Д-р Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“ – Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.