Стандардно за изминатите неколку години, Samsung одржува еден од нивните Unpacked настани во август, па од компанијата го закажаа годинешниот. Galaxy Unpacked ќе се одржи на 10 август со почеток во 15:00 часот по македонско време.

Настанот повторно ќе биде само онлајн, односно нема да има публика, а ќе може да се следи преку YouTube каналот на Samsung.

На овој Galaxy Unpacked се очекува да бидат претставени неколку уреди, меѓу кои можеби и најинтересниот ќе биде Galaxy Fold4. Четвртата генерација од овој уред се очекува да биде полесна, со помали димензии и помали рамки околу екраните. Исто така, се очекува зголемување на ширината на помалиот екран, нешто што треба да направи многу подобро корисничко искуство во режим на мобилен телефон.

Покрај овој уред, се очекува да биде претставен и Galaxy Flip4, како и Galaxy Watch5, за кого оваа година се очекува дека ќе има и Pro наместо Classic верзија.

Тука се и новите безжични слушалки, па овој настан дефинитивно е еден од поважните на компанијата во текот на годината.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаGoogle дозволи плаќањето во апликациите на Android да може да се прави со различни системи за наплата од Google Play
Следна статијаMicrosoft претстави друштвена мрежа со Stories за компаниите кои ги користат нивните сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments