Фото: Shutterstock.com

Според информациите, Microsoft ќе се врати на поранешниот начин на пуштање нова верзија од Windows на секои три години, а во меѓувреме Windows 11 ќе добива почесто нови функции, а не само еднаш или два пати годишно.

Сепак, додека тој план не биде официјализиран, ја чекаме првата поголема надградба со нови функции на Windows 11 кој според сегашниот план треба да биде пуштена во есен. Windows 11 22H2 е првата поголема верзија од Windows 11 од неговото пуштање минатата година која донесува одредени новини кои дополнително го подобруваат овој одличен оперативен систем.

Со оглед на тоа што оваа верзија веќе со месеци се тестира преку Windows Insider програмата, веќе знаеме што може да се очекува, а мали се шансите Microsoft да изненади со нешто дополнително. Тоа што ќе остане надвор од оваа надградба се очекува да биде пуштено до крајот на годината, според новото темпо кое уште чекаме да го потврдат од компанијата.

Главните новини во Windows 11 22H2 ги вклучуваат следните:

  • Избор во Старт менито дали да се прикажуваат повеќе апликации или предлози, а може да се задржи и сегашната поставеност
  • Можност за групирање на апликациите во папки во Старт менито
  • Враќање на можноста за повлекување на датотека директно во отворена апликација на taskbar-от
  • Нова Task Manager апликација редизајнирана според изгледот на Windows 11
  • Освежен дизајн на File Explorer со поголема интеграција на OneDrive
  • Дополнителен избор за Snap Layouts за поставување на два или повеќе прозори на целиот екран
  • Подобрувања за корисниците на уреди со екран на допир

Една работа која е дел од Insider верзиите, а изгледа сепак нема да биде пуштена со оваа надградба е табови во File Explorer, па наводно истата е одложена за до крајот на годината.

Тоа што исто така го чекаме е пуштање на Android апликациите за повеќе земји во светот, но Microsoft изгледа остана само со тестирање на оваа функција во САД. Достапноста на Android апликации во Windows 11 беше промовирана како една од поголемите новини кај овој оперативен систем минатата година, но сега за сега не испадна ништо посериозно од тоа.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаИскусете ја новата серија Samsung Galaxy Z
Следна статијаПретплатата со реклами на Netflix може да има уште еден недостаток, можност за симнување на содржината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.