Фото: Shutterstock.com

Netflix работи на нова претплата за нивниот сервис која треба да има пониска цена и со тоа да привлече дополнителни корисници кои можеби дотогаш сметале дека сервисот е скап. Оваа пониска претплата ќе дојде со реклами, а Netflix веќе го избра Microsoft како партнер за рекламниот дел.

Уште нема точни информации кога може да се очекува пуштањето на оваа нова претплата, а од компанијата уште се во процес на развој, како и договарање на авторските права на содржината.

Покрај прикажувањето на реклами, пониската претплата ќе има уште еден недостаток, а тоа е помал избор на содржина за гледање, односно на оваа претплата нема да биде целата содржина од Netflix.

Сепак, според информациите, оригиналната содржина од Netflix ќе биде достапна, а можеби за доста корисници тоа би било и главната причина да се претплатат на сервисот.

Уште една работа изгледа нема да биде дел од оваа претплата, иако не е потврдено и од Netflix истакнуваат дека уште ништо не е решено, па ваквите информации се само во категоријата на шпекулации.

Се работи за можноста содржината да биде симната на уредот кај што се гледа, а подоцна со тоа може да се гледа без интернет конекција.

Оваа функција најверојатно не ја користат повеќето корисници кои гледаат од дома, но е доста важна и корисна за тие кои често патуваат, па се во ситуација да немаат интернет пристап или истиот да не е баш погоден за гледање на Netflix.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаWindows 11 22H2 се очекува да биде пуштен за сите корисници наскоро
Следна статијаБесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.