Едуфронт најавува бесплатни, отворени, воведни часови за онлајн обуките од Digipath – Дигитални патеки за програмирање, веб дизајн и дизајн. Ваквите отворени настани веќе станаа традиција на Едуфронт и редовно се организираат трета година по ред, пред почеток на секое училишно полугодие. Преку нив им се дава можност на децата да се запознаат со основите на неколку дигитални вештини и основни знаења од истите, соодветни за нивна возраст.

Присутните на овие настани ќе дознаат повеќе за Digipath – Дигиталните патеки за учење за деца: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн, Дигитална патека за графички дизајн, со тимот и предавачите, информации за наставата и тековните уписи. Децата на часовите ќе можат активно да учествуваат и да научат воведни знаења од конкретна обука. 

За учество потребно е само да се направи бесплатна, онлајн регистрација за приклучување на посакуваниот час. 

Распоредот и линковите за регистрација до бесплатните, воведни часови се како што следува: 

ЕДУФРОНТ е едукативен центар за компјутерско образование, посветен на достапно и постојано дигитално учење. Целта на нашите програми за онлајн обуки е децата од основно образование да стекнат разни дигитални вештини за користење на компјутерската технологија. Со усвојување на овие вештини децата полесно ќе се снаоѓаат во современата дигитална ера и ќе се подготват за поуспешно учење и кариера во иднина. Покрај тоа кај децата се развива: логичкото размислување, креативните вештини, способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух.

Во Едуфронт во тек се летни уписи за сите онлајн обуки за деца за учебната 2022/23 година. Уписите со – 2000ден. попуст на редовните цените ќе траат до 25 Август. Наставата започнува на 5 Септември. Ги покануваме заинтересираните деца да ни се приклучат на онлајн обуките кои Едуфронт ги креираше за деца од 8 до 14 год: Digipath – Дигиталните патеки за учење: Програмирање, Веб дизајн и Дизајн.

Повеќе информации за дигиталните патеки и термините за настава на https://edufront.mk/ или [email protected] – 070 700 237.

Претходна статијаПретплатата со реклами на Netflix може да има уште еден недостаток, можност за симнување на содржината
Следна статијаApple затвори неколку безбедносни пропусти кај нивните оперативни системи
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments