Shutterstock.com

Netflix планира да им овозможи на корисниците уште една претплата од тие кои моментално се достапни. Новата претплата треба да биде најниска од сите, а тоа ќе биде овозможено поради рекламите кои ќе се прикажуваат, нешто што секако не е случајот со поскапите.

Од компанијата веќе избраа партнер за рекламите, а тоа ќе биде Microsoft преку кој компаниите ќе можат да се рекламираат на Netflix.

Според најновите информации од директорите во компанијата, најевтината претплата нема да ја има целата содржина која им е достапна на останатите корисници. Главна причина за ова се лиценците кои ги плаќаат за содржината, нешто што нема да може да биде платено за целата достапна содржина кај најниската претплата.

Добрата вест е што ова важи за содржината која не е направена од страна на Netflix, па најпознатите филмови и серии на сервисот од компанијата ќе им бидат достапни на овие корисници.

Исто така, се најавува дека тоа што нема да биде достапно не е нешто што е во групата на најпопуларни филмови и серии, па корисниците не би требало да имаат проблем да најдат нешто добро за гледање.

Уште нема информација кога ќе биде пуштена претплатата со реклами и пониска цена, но најверојатно тоа ќе биде до крајот на годината.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаMicrosoft претстави друштвена мрежа со Stories за компаниите кои ги користат нивните сервиси
Следна статијаДојде моментот кога паметните телефони на преклопување станаа широко распространети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.