Скопје, 18 август 2022 година – На 10 август, Samsung ја претстави најновата серија на иновативни Galaxy уреди, вклучувајќи ги смартфоните Galaxy Z Fold4, Z Flip4, Watch5 и Buds2 Pro, во својот потпис „Unpacked“ формат. Во наредниот период ќе воведе целосно ново Samsung Galaxy искуство со тоа што на корисниците и фановите ќе им овозможи непосреден пристап до новите уреди пред да пристигнат во продавниците.

Оваа најава дополнително беше прославена од страна на Samsung на најпопуларните јавни места низ светот, вклучително и на Times Square, во соработка со светски познатата поп група BTS и премиерата на дигиталниот филм во кој има и песна од групата BTS наречена „Yet To Come“ и претставување на новата верзија на „Over the Horizon 2022“ од уметникот наречен SUGA од групата BTS. Видеото може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=0n253lWq9GY

Во Македонија, ќе можете да ги пробате телефоните Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 пред нивната официјална продажба, на следните локација – East Gate Mall од 26.08 до 28.08, од 10 до 20 часот.

Нарачајте пред сите!

Уредите од новата серија Galaxy Z се достапни во Северна Македонија по препорачаната цена Z Fold4 од 107.999 денари и Galaxy Z Flip4 од 64.999 денари. Искористете го попустот во промотивниот период кој трае до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4. Со оваа промоција добивате можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата). Промоција ќе заврши и пред наведениот рок доколку дојде до исцрпување на залихите на Уредот кои се предвидени за оваа.

За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Z Fold4, посетете ги www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/global или https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4

Претходна статијаWhatsApp има нова апликација за Windows која работи независно од телефонот и е целосно развиена за овој систем
Следна статијаWindows 11 22H2 се очекува да биде пуштен за сите корисници наскоро