Фото: Shutterstock.com

Microsoft го менува начинот на пуштање на нови верзии од Windows, како и нови функции, според неофицијални информации кои ги објави Windows Central. Според нив, од компанијата ќе се вратат на поранешното темпо на пуштање нови верзии од Windows на три години.

Тоа што го кажуваат од Windows Central на прв поглед може да изгледа малку збунувачки, но доколку навистина оваа информација се покаже како точна, промените треба да бидат погодени за сите корисници.

Во основа, Microsoft ќе пушта нова верзија од Windows на три години, нешто што ќе биде одлична вест за администраторите во компаниите кои веќе нема да мора секоја година да мислат како ќе ги надградат сите нивни компјутери.

Од друга страна, Windows Central најавуваат дека нови функции ќе се пуштаат почесто, односно дури до четири пати во годината. Овие нови функции наместо да претставуваат целосно нови верзии од Windows, ќе бидат пуштани како помали надградби кои корисниците ќе бираат дали сакаат да ги инсталираат.

Со тоа, процесот на целосно надградба на системот веќе нема да ја има често, но Windows ќе остане во тек со пазарот и конкурентен.

Според ова, наредната поголема верзија од Windows треба да биде пуштена во 2024, но нема информации дали истата ќе биде наречена Windows 12 или ќе го задржи името Windows 11.

Како пример за годишните нови функции, кои според Windows Central се нарекуваат Moments, е пуштањето на промена на копчето за виџетите кое сега ја прикажува временската прогноза.

Корисниците за оваа промена не мораа да инсталираат долга надградба на системот, а сепак добија нешто ново.

Од Microsoft ја немаат потврдено оваа информација, па останува да видиме дали ќе се покаже како точна.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаБил Гејтс најави давање на скоро целото негово богатство
Следна статијаУтре се одлучува кога ќе започне судскиот процес помеѓу Twitter и Елон Маск
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.