Бил Гејтс, во поголема објава на Twitter, меѓу другото најави дека планира да го даде скоро целото негово богатство на фондацијата која ја има креирано со неговата поранешна жена, односно на Bill and Mellinda Gates Foundation.
Со овој потег, истакнува Гејтс, тој ќе падне, а со тек на време и целосно ќе искочи од листата на најбогати луѓе во светот.
Гејтс одамна се залага за давање на своето богатство од страна на милијардерите во светот на организации кои работат во одредени области кои помагаат на луѓето, помагаат во лечењето на болести, работат на климатските промени и слично.
Според информациите, околу 200 милијардери се имаат сложено на неговата иницијатива и ќе дадат голем дел од своето богатство.
„Имам обврска да ги вратам моите ресурси на општеството на начин кој ќе има најголемо влијание во намалување на страдањата и во подобрување на животите. Се надевам дека и другите кои се во позиција на голема богатство и привилегии ќе се покажат во овој момент исто така.“ – истакна Гејтс.
Гејтс сака до 2026 година неговата фондација да почне да троши по 9 милијарди долари годишно, за што тој оваа година ќе даде 20 милијарди од неговото богатство кое се проценува на 113 милијарди.
Изминатите години Гејтс стана популарен во светото по неговиот ангажман со корона кризата, а за голем број на луѓе тој стои зад креирањето на вирусот, нешто за што секако нема докази. Тој исто така неколку пати се споменува за неговото купување на огромни површина на обработлива површина, па може да се заклучи дека давањето на неговото богатство сигурно нема да го остави со малку пари.