Apple ја закажа својата позната WWDC конференција за 6 јуни која повторно ќе се одржи онлајн, иако оваа година можеше да се направи со физичко присуство.

Според Марк Гурман од Bloomberg, тоа што обичните корисници треба да го очекуваат од овој настан е претставување на наредната верзија од оперативните системи од компанијата, а за нив тој има неколку најави.

iOS 16, кој после настанот ќе стане достапен во бета верзија, нема да донесе некои поголеми промени во дизајнот, иако како што истакнува Гурман, тој не е променет уште од iOS 7, барем не многу.

Тоа што може да се очекува кај iOS 16 е поголема промена кај системот за известувања, а тоа и не е чудно со оглед на тоа дека Apple добива критики за не додавањето на нови можности и средување на овој дел кој на Android веќе со години е доста подобар.

Покрај оваа промена, може да се очекуваат и новини поврзани со фитнес функциите, односно здравствените функции. Ова исто така важи и за новата верзија од watchOS, за која не се дадени други информации.

iPadOS 16 се најавува дека треба да добие редизајн поврзан со корисничкиот интерфејс за мултитаскинг, односно за користење на повеќе апликации во исто време, нивна промена и слично.

Марк Гурман исто така најавува претставување на нови верзии од компјутерите на Apple, односно нови MacBook Air, Mac mini, 24 инчен iMac, MacBook Pro, како и претставување на Mac Pro и iMac Pro. Дали овие уреди кои досега работеа на M1 чипот, ќе бидат претставени со очекуваниот M2, останува да видиме.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMeta не се откажува од своите планови за дигитални валути
Следна статијаSpaceX го однесе првиот целосно приватен екипаж на Меѓународната Вселенска Станица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.