Во петокот SpaceX направи уште една од веќе своите стандардни успешни мисии на испраќање на луѓе во орбитата на Земјата. Овој пат од компанијата го испратија и првиот целосно приватен екипаж на Меѓународната Вселенска Станица кој ќе остане таму околу осум денови и ќе изведе 25 научни експерименти.

Лансирањето е направено со познатата Falcon 9 ракета од SpaceX, како и нивниот Crew Dragon летало, односно капсула, од Cape Canaveral, Florida.

Екипажот е составен од четворица луѓе кои се дел од приватната вселенска компанија Axiom Space. Оваа компанија најавува изградба на сопствена вселенска станица во годините што следат, а оваа мисија, Ax-1, е една од серија на мисии кои ќе служат како подготовка за изградбата на вселенската станица.

Можноста за екипаж од приватна компанија на вселенската станица доаѓа од промената на политиката на NASA која во 2020 реши да овозможи комерцијализирање на Меѓународната Вселенска Станица, а Axiom Space беше компанија со која реши да го почне овој процес.

Екипажот од Axiom Space ќе биде сместен во американскиот дел од станицата, но ќе се сретнат и со руските астронаути кои се моментално таму и им испратиле покана на своите колеги.

Обуката која е потребна за астронаутите не била направена на ниво како на тие од NASA, но се истакнува дека доволно часови на тренинг се направени, а исто така екипажот е обучен за сите протоколи на МВС.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаiOS 16 треба да донесе поголеми промени кај известувањата, како и нови фитнес функции
Следна статија„Нутринформ етикетирање – Формула за одговорно информирање на потрошувачите“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.