Амбасадата на Италија во соработка со ИТА Скопје и М6 Едукативен центар ја организира конференцијата на тема „Нутринформ етикетирање – Формула за одговорно информирање на потрошувачите“. Настанот ќе се одржи на 12 април, 2022 година со почеток во 11ч., во просториите на М6 Едукативниот центар а заинтересираните ќе можат да ја следат и онлајн.

Конференцијата се одржува во пресрет на очекуваниот избор на унифициран европски модел за етикетирање на прехранбените производи. 

Имено, „Nutrinform Battery“ е италијански систем за етикетирање на хранливите вредности на прехранбените производи, за кој Р. Италија поднесе предлог до Европската Комисија за усвојување како алтернатива за францускиот „семафор“ систем за етикетирање. Францускиот „NutriScore“ кој се користи во моментов, дава нецелосни информации, а потрошувачот не може да процени врз база на што се оценети производите. 

На конференцијата ќе се обратат некои од најистакнатите експерти во оваа област во Италија и од нашата земја и ќе дискутираат за предностите на италијанскиот модел како и можноста за имплементирање на истиот во нашата земја.

  • Рафаеле де Лутио, ФЕДЕРАЛИМЕНТАРЕ, италијанска институција за промоција на храна и пијалоци;  и Андреа Гисели, Директор за истражување во центарот КРЕА кои ќе го презентираат италијанскиот модел НУТРИНФОРМ и придобивките за потрошувачите од истиот.  
  • Николче Бабовски, Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, проф. Игор Спировски, од Министерството за здравство, кои ќе зборуваат за потенцијалната имплементација на италијанскиот модел во Република Северна Македонија.  

Конференцијата ќе ја отвори Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри. 

Претходна статијаSpaceX го однесе првиот целосно приватен екипаж на Меѓународната Вселенска Станица
Следна статијаВредноста на онлајн трансакциите во 2021 изнесува 437 милиони евра, годишен раст од 59%