NASA

Меѓународната Вселенска Станица е пример за соработката помеѓу нациите за поголема цел. Оваа станица е во орбитата на Земјата веќе 21 година, а е изградена и одржувана од страна на САД, Русија, Јапонија, Европа и Канада.

Истата се користи од астронаутите од овие, но и други земји со цел извршување на научни истражувања поврзани со Земјата, но и такви кои може да се направат само во минималниот ефект на гравитацијата кој го има во ниската орбита.

Станицата сепак со тек на време ќе стане отворена и за остатокот од населението, барем за тие што на почетокот ќе може да си го дозволат тоа, како и за астронаути од други приватни компании.

NASA за таа цел ја избра компанијата Axiom Space од Хјустон, Тексас која ќе треба да изгради барем еден модул во којшто ќе може да се живее и кој ќе биде отворен за комерцијални цели.

Од NASA дури замислуваат целосно комерцијализирање на станицата со што тие ќе станат само клиент на приватните компании кои ќе ги развиваат новите модули.

Од државата Тексас истакнуваат дека со ова се докажува дека Хјустон е вселенски град кој отсекогаш бил меѓу првите во светот со развојот на вселенската технологија, а овој град е и познат во филмовите по тоа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаСо оваа онлајн алатка можете да го следите ширењето на Коронавирусот во светот
Следна статијаСкопскиот стартап DishWish ќе Ве храни здраво додека сте на работа или дома
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.