За коронавирусот не треба многу да пишуваме, со оглед на тоа што во денешно време вакви информации се шират и повеќе од доволно. Овој вирус е меѓу најважните вести овие неколку недели, а истиот се појави во Кина и моментално најголемиот процент од заболените се во таа земја.

The Center for Systems Science and Engineering креира алатка која овозможува да во реално време се следат информациите за ширењето и статусот на овој вирус секаде во светот. Прикажани се бројки на сите потврдени случаеви на заболени лица, тие се поделени и по земја, а бројките покажуваат и бројка на луѓе за кои се сомнева дека го имаат вирусот, тие кои се имаат излечено, како и тие кои починале.

Од тоа што моментално може да се види, вирусот уште не е проширен во Европа, како и во нашата околина. Случајот во Франција, односно тројца луѓе во оваа земја, остануваат единствените во нашата блиска околина.

Алатката е достапна на овој линк и можете да бидете во тек со ширењето на вирусот, кое се надеваме дека ќе застане наскоро.

Инаку, првиот случај на вирусот, кој има симптоми слични на пневмонија, е појавен во градот Вухан во Кина. Првите случаеви се верува дека се имаат појавено кај луѓе кои работат на фарми, па од тука е и верувањето дека вирусот е пренесен од некое животно.

Досега се потврдени вкупно 2.794 случаеви, од кои 2.737 во Кина. Од вкупната бројка на заболени, 80 се починати, додека 54 се целосно оздравени.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2CSSE
Претходна статијаНеофицијална слика ги прикажува новите Galaxy S20+ и S20 Ultra заедно со Galaxy Buds+
Следна статијаNASA избра компанија со која треба да се почне со комерцијализација на Меѓународната Вселенска Станица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.