Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S20 телефони за две недели на настан во Сан Франциско. На овој настан покрај овие телефони, се очекува претставување и на Galaxy Z Flip, новиот телефон со екран кој се превиткува, како и нова генерација од безжичните слушалки од компанијата, Galaxy Buds+.

Информации за овие уреди досега имаше многу, што остава многу малку да биде ново на официјалното претставување на телефоните.

Од тоа што можеше да се прочита, ќе видиме три нови модели, Galaxy S20 со 6,2 инчен екран, Galaxy S20+ со 6,7 инчен екран и нов Galaxy S20 Ultra модел кој ќе има 6,9 инчен екран, но и неколку ексклузивни за него карактеристики.

Главната од нив е дополнителната камера со можност за дигитално зумирање до 100 пати, поради што оваа камера и нејзината можност ќе го носат името „Space Zoom“.

Познатиот и обично веродостоен Еван Блас, објави слика на Twitter која изгледа како тие на Samsung за рекламни цели. На оваа слика се прикажани задните делови од Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra, а новина е и прикажувањето на новите Galaxy Buds+ кои ќе им бидат достапни бесплатно на корисниците кои ќе ги нарачаат овие два модели на почетокот.

На оваа слика се гледаат досега прикажаните модули за камерите на задната страна, а тука е и Space Zoom ознаката и камерата.

Што се однесува до втората генерација од Galaxy Buds, Galaxy Buds+, се очекува да имаат доста поголема батерија која ќе овозможи поголема независност на слушалките без потреба од нивно полнење.  

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаНов нуклеарен реактор ја најавува можноста за враќање на популарноста на нуклеарните централи
Следна статијаСо оваа онлајн алатка можете да го следите ширењето на Коронавирусот во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.