Како и секогаш, скоро ги имаме сите информации околу телефоните кои треба да бидат наскоро претставени. Galaxy S20 од Samsung ќе бидат претставени на 11 февруари, а настанот ќе биде тука само за потврда на информациите и можеби по некое изненадување.

Досега можевме да го видиме изгледот на уредите кои се очекува повторно да дојдат во три варијанти, со тоа што овој пат нема да има „e“ верзија, туку две стандардни и една „Ultra“, наводно.

Нови информации, покрај тоа што потврдуваат некои од досегашните, откриваат дека дефинитивно може да се очекува екран со стапка на освежување од 120 херци. Оваа поголема стапка на освежување ќе овозможи поголема мазност при користење на екранот, подобри анимации, а тука секако е предноста при играње на игри и гледање на одредена содржина.

Сепак, според информациите, оваа стапка ќе може да се користи само при намалената Full HD+ резолуција, а не целосната 2K резолуција со која ќе дојде екранот. Тоа најверојатно ќе биде така поради заштеда на батеријата која значително побрзо ќе се троши доколку е вклучена најголемата резолуција со поголемата стапка на освежување.

Кога сме кај батериите, според информациите Galaxy S20+ ќе дојде со батерија со капацитет од 4.500 mAh, како и брзо полнење со 25W. Тука е и RAM меморијата која треба да може да се избере и до 12GB, а очекувано ќе биде достапен и побезбедниот ултра-звучен сензор за отпечатоци под екранот.

Моделот којшто ќе треба повеќе да се издвои од двата е „ултра“ моделот којшто ќе дојде со огромен 6,9 инчен екран и батерија со капацитет од 5.000 mAh. Кај овој модел би требало да го има новиот сензор од Samsung за камерата со 108 мегапиксели.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаМарк Хамил го избриша својот Facebook поради непромената на ставовите на компанијата за политичките реклами
Следна статијаGoogle планира да ја тргне поддршка за „колачиња од трети страни“ во Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.