Shutterstock.com

Колачињата, како што се нарекуваат, веќе одамна не се користат само за нивната основна намена, зачувување на сесиите кај сервисите, прилагодувањата на корисниците за веб страната и слично. Тие веќе одамна дополнително се користат за следење на корисниците и на други веб страни, со цел добивање на подобра слика за навиките и преференциите на корисниците.

Овие колачиња кои го следат сурфањето на други страни, односно не само на тие од каде доаѓаат, се нарекуваат колачиња од трети страни, а во главно се користат од страна на огласувачите за прикажување на реклами кои имаат поголеми шанси да го интересираат тој корисник.

Решението за многу стана едноставно блокирање на овие колачиња во прилагодувањата од прелистувачите, а тука се секако и новите функции во одредени прелистувачи кои ги блокираат специјално тие кои се наменети за следење, меѓу другото.

Google планира за околу 2 години целосно да ја тргне поддршката во Chrome за овие колачиња, односно колачињата од трети страни. Со тоа корисниците нема да треба да ја исклучуваат можноста и ќе бидат посигурни дека нивната приватност е за некое ниво подобрена.

Планот е да оваа промена се направи дури за 2 години поради тоа што огласувачите ќе имаат прилично големи „последици“, а според Google веб страните веќе заработуваат помалку поради тоа што огласувачите плаќаат многу помалку кога не страната не може да го изберат точното таргетирање.

Во наредните 2 години Google сака да направи решение кое ќе овозможи прикажување на реклами според интересите на корисниците, но сепак да се запази нивната приватност. За тоа тие ја имаат започнато и Privacy Sandbox иницијативата која треба да изнајде вакво решение.

ИЗВОРChromium Blog
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаНајновите неофицијални информации за Galaxy S20 ни откриваат уште делови од необјавените телефони
Следна статијаТри одлични поенти од Мемото на Ендру Босворт од Фејсбук
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments