Вреди целото да се прочита, но има три одлични поенти кои вредат да се истакнат и искоментираат:

  • Трамп победи во 2016 бидејќи имаше најдобра дигитална маркетинг кампања. Русија или пак скандалот со Кембриџ Аналатика воопшто не биле никаков сериозен фактор (и објаснува зошто на подолго). Едноставно, Трамп и неговиот маркетинг менаџер г-динот Парскал биле генијални – ги искористиле сите легитимни алатки на Фејсбук „за да ја покажат правата содржина на правите луѓе. Користењето на „custom“ публика, видеа, е-бизнис и свежа креатива ќе останат обележје на дигиталната рекламна кампања“. Патем, кој следи повнимателно политика може да примети значителна разлика во квалитет помеѓу кампањите на конзервативците и сите останати (без разлика дали се согласувате со нивните политики).
  • Друштвените мрежи креираат филтер балони – мит. Според Босворт, ова е мит бидејќи денеска просечен граѓанин е изложен на многу повеќе содржини од различни извори (~26% според нивните истражувања) него во минатото. Проблемот е од друга природа и тука Фејсбук не може премногу да помогне – луѓето се политички поделени до даска. Дури и кога читаме работи од извори од „спротивниот табор“ не менуваме ставови – само повеќе ги зацврстуваме нашите ставови.
  • Транспарентност на алгоритми и „поттурнувањето“. Секако, алгоритмите се во сржта на модерната технологија и нормално е транспарентност и proper design да бидат во фокусот на корпорации како ФБ. И она што голем број патерналисти и левичари се надеваат е дека преку технологијата ќе можат да ги „потурнуваат“ (nudge) луѓето кон избори кои тие ги преферираат. Она што истакнува Босворт е дека „за добро или лошо, алгоритмите пред се ги рефлектираат желбите на самите луѓе“. И раскажува приказна за како еден од генералните директори на Крафт пробал да го намали шеќерот во нивните производи, за доброто на потрошувачите. Единствено што успеал да намали е профитот на Крафт и летнал од работа.

Мемото е одлично и предизвика мини-хистерија помеѓу левицата во САД, што значи дека вреди да се прочита.:)

Претходна статијаGoogle планира да ја тргне поддршка за „колачиња од трети страни“ во Chrome
Следна статијаДиректорот и ко-основач на Twitter Џек Дорси одговара на интересни прашања за мрежата на Q&A со Wired
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.