Shutterstock.com

Марк Хамил, најпознат по својата улога во Star Wars како Лук Скајвокер, ја избриша својата Facebook сметка во протест поради политичките реклами на оваа мрежа. Ова не е првата позната личност која го брише својот Facebook поради повеќе причини за кои е критикувана компанијата изминатите години.

Причината поради која Марк Хамил реши да го избрише својот Facebook e ставот на компанијата да на никаков начин на ги ограничува политичките реклами на својата мрежа. Тој својата одлука ја соопшти на Twitter истакнувајќи дека е разочаран што Марк Закерберг го цени профитот повеќе од вистинитоста.

На оваа тема веќе пишувавме. Facebook во основа не сака да ги применува сопствените правила за рекламите на нивната мрежа кога се во прашање политичките реклами. Останатите реклами се предмет на одредена проверка, а посебно во изминатите години по зголемувањето на лажните вести.

Политичките реклами можат да содржат што сакаат и не се предмет на проверка од страна на Facebook. Единствено нешто што важи и за политичките реклами е забраната за користење на говор на омраза и слично.

Од компанијата поради критиките направија одредени додатоци за рекламите од страна на политичките партии, но сепак на крајот на одлучија да ги воведат истите правила како за останатите.

ИЗВОРGeek
Претходна статијаОфицијално достапна новата верзија од Microsoft Edge направена на основа на Chromium
Следна статијаНајновите неофицијални информации за Galaxy S20 ни откриваат уште делови од необјавените телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.