Shutterstock.com

Интересно беше минатата недела што покрај сите други критичари на Facebook, група на вработени во компанијата испратија писмо до нејзиното водство, во кое ја критикуваат практиката да се нема никаква контрола и правила за политичките реклами.

Во основа, Facebook има одредени правила кога се во прашање рекламите на нивната мрежа, исто како што има и за сите објави. Тоа значи дека рекламите кои се објавуваат автоматски се проверуваат за содржината, каде водат линковите, дали нешто е очигледна лажна вест и слично.

Тоа сепак не важи за политичките реклами, па за време на кампањите за избори, политичарите може скоро се што сакаат да објават и да го пуштат како реклама. Единствен исклучок од тоа се одредени работи поврзани со насилство и слично, но затоа рекламите од политичарите можат да тврдат што сакаат без ризик дека таа реклама ќе биде прекината.

Во основа, изборните кампањи имаат големи буџети, па иако од Facebook тврдат дека процентуално тие учествуваат многу малку во нивната заработка, сепак од компанијата сакаат да заработат максимално што можат, а тука се секако и политичките контакти кои сакаат да ги задржат.

Покрај сите критики, како и писмото од вработените, од компанијата остануваат на својот став и тие нема да ја променат политиката кога се во прашање политичките реклами. Тоа е така барем за изборите кои следат идниот месец во Британија, а тешко дека нешто ќе променат и до наредните избори во САД, а уште помалку за другите земји.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаСкопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак
Следна статијаGoogle официјално ги купи Fitbit за 2,1 милијарда долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.