Фото: NuScale преку Wired

Нуклеарните централи важат за едни од најчистите избори на електрична енергија и се многу безбедни, без разлика на верувањата на многу луѓе. Проблемот со нив е што доколку дојде до проблем, тој може да биде катастрофален, па доволни беа само неколку незгоди за да се стави под знак прашалник нивното користење.

Има земји кои изминатите години ја намалуваат зависноста од производство на енергија преку нуклеарните централи, со нивно исклучување или не продолжување по истекот на рокот на функционирање на реакторот.

Сепак, потребите од производство на енергија преку „зелени“ извори е се поголема, а посебно поради ефектот којшто како човештво го имаме врз планетата. Тука се секако хидроцентралите, ветерниците, сончевите колектори, но потребно е повеќе.

Американската компанија NuScale развива нов нуклеарен реактор којшто е значително помал од тие што се користат денес, па иако функционира на истиот концепт на создавање енергија преку вртење на турбини од водената пареа, сепак треба да биде доволно различен за да може овој извор на енергија повторно повеќе да се користи.

Овој нуклеарен реактор се тврди дека е многу побезбеден и не зависи од електричната мрежа за негово исклучување во случај да дојде до прегревање. Неговата големина исто така овозможува негово поставување на места каде што не би било можно да дојде до катастрофа.

Уште една голема негова предност е што може да се комбинира во различни бројки и со тоа да се прават централи со различна големина, зависно од потребите.

Со оглед на тоа дека се работи за сериозна и потенцијално опасна работа, ќе помине уште време додека овој реактор добие дозвола од властите и агенциите кои треба да ја проценат работата, но се очекува да почне да функционира во наредните години.

ИЗВОРWired
Претходна статијаМожно враќање на Motorola во највисоката класа со нов телефон кој ќе има и пенкалце
Следна статијаНеофицијална слика ги прикажува новите Galaxy S20+ и S20 Ultra заедно со Galaxy Buds+
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.