Обидот за влез во светот на криптовалутите на Meta, односно Facebook, официјално заврши на почетокот од оваа година, кога од компанијата целосно го продадоа својот удел во Diem Association, односно како што првично беше наречена Libra Association.

Сепак, според неофицијалните информации, од компанијата не се откажуваат целосно од своите планови за влез во некој ваков бизнис. Од компанијата наводно спремаат неколку нови дигитални валути, иако овој пат тие нема да бидат криптовалаути.

Се работи за дигитални валути кои ќе може да се користат во новиот и толку многу промовиран метаверзум. Ова би требало да функционира нешто слично на дигиталните валути кои ги имаат игрите на мобилните за кои корисниците плаќаат и после можат да купуваат одредени работи во самата игра.

Оваа дигитална валута дури има и неофицијално има внатре во компанијата и ја нарекуваат „Zuck Bucks“.

Покрај дигитална валута за метаверзумот, од Meta планираат да воведат и дополнителни токени преку кои би ги исплаќале „инфлуенсерите“ на Instagram, како и корисниците на Facebook.

Покрај ваквите планови кои се во главно замислени за нивните производи, од компанијата размислуваат да почнат да нудат и кредити, односно „позајмици“ како што ги нарекуваат, на малите бизниси. Овие кредити би требало да бидат овозможени заедно со некој партнер, а исто така се најавуваат како доста исплатливи.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаGoogle ќе почне да ги „крие“ постарите апликации во Play Store кои не се ажурирани
Следна статијаiOS 16 треба да донесе поголеми промени кај известувањата, како и нови фитнес функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.