Фото: Shutterstock.com

Минатата недела Apple ги пушти верзиите 16.1 од iOS и iPadOS, кои донесуваат по неколку новини за корисниците, а ова беше и првата верзија која им беше пуштена на корисниците на iPad со новиот iPadOS 16.

Веќе од наредниот ден беа пуштени бета верзиите од iOS 16.2 и iPadOS 16.2, а според информациите финалните верзии би им биле пуштени на сите корисници во декември.

Иако не се работи за поголеми надградби, се гледа и од самата бројка на верзијата, сепак корисниците можат да очекуваат неколку интересни новини.

Една мала, но според нас доста корисна новина е додавањето на „виџети“ за „заклучениот екран“ од Sleep делот од Apple Health апликацијата. Со ова корисниците кои активно го следат своето спиење, како ние на пример, ќе можат да ги гледаат податоците секогаш кога ќе го земат својот телефон.

Втора новина која ќе биде достапна на сите платформи од Apple е Freeform апликацијата. Оваа апликација беше најавена за време на годинешната WWDC конференција, а истата е апликација која овозможува соработка со пријателите и колегите преку една табла на која може да се црта, пишува, да се ставаат слики и видеа и слично.

iPadOS 16.2 конечно ја донесува можноста за поврзување на одредени iPad модели со надворешен екран, а со тоа и да се користи Stage Manager функцијата на овој начин.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаШтедењето е знак на свесност, но и на доверба и сигурност
Следна статијаФункцијата електрокардиограм сега е активна за корисниците на Huawei Watch GT 3 Pro на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.