Фото: Shutterstock.com

Заедно со првото пуштање за сите корисници на macOS Ventura и iPadOS 16 (16.1), Apple ја пушти и првата надградба на iOS 16, односно iOS 16.1.

iOS 16 беше пуштен за корисниците минатиот месец, поточно на 12 септември, па со надградбата од оваа недела iOS добива некои од новините кои не успеаја да „влезат“ со главната верзија.

Новини кои се дел од iOS 16.1 ги вклучуваат следните:

  • iCloud Share Photo Library – можност за креирање на споделен фото албум кој ќе се користи заедно со членовите од фамилијата и пријателите
  • Live Activities – информации како спортски натпревари во живо, статус на нарачаниот превоз и слично се прикажуваат на „заклучениот екран“, како и на Dynamic Island кај iPhone 14 Pro
  • Дополнително средување на делот за прилагодување на новиот „заклучен екран“ со посебни копчиња за прилагодување на посебните делови
  • Поддршка за Matter стандардот за паметни домови
  • Полнење на телефонот кога мрежата користи обновливи извори на енергија
  • Можност за бришење на Wallet апликацијата
  • Процент на батеријата кај дополнителни телефони
  • Подобрување кај корисничкиот интерфејс кој се појавува кога се прави слика од екранот
  • Дополнителна линија која покажува колку е полна батеријата на „заклучениот екран“
  • Прикажување на процентот на батеријата на „заклучениот екран“, над часовникот, кога телефонот е поставен на полнач
  • Подобрување на новиот Wallpaper дел во Settings

Како и секогаш, iOS 16.1 може да се инсталира бесплатно директно од уредот.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаYouTube доби неколку новини кај корисничкиот интерфејс
Следна статијаКои се главните новини кои доаѓаат со macOS Ventura
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.