По пуштањето на финалната верзија од iOS 16 за сите корисници, Apple продолжува со тестирање на наредните верзии од овој оперативен систем. На ред е iOS 16.1, па првата бета верзија им е пуштена на програмерите.

Една од главните новини кај оваа верзија е вклучувањето на најавената функција „Clean Energy Charging“.

Apple, со оваа функција која е достапна само во САД, сака да направи корисниците да го полнат својот телефон само кога во енергијата која доаѓа од мрежата е добиена во главно од „зелени“ извори, односно од извори кои прават помала емисија на „стакленички гасови“.

Телефонот повторно ќе биде наполнет во планираното време, односно не се планира да ако не е достапна повеќе зелена енергија, телефонот да остане ненаполнет.

iOS 16.1 бета доаѓа и со неколку други новини кои се доста покорисни од оваа која повеќе наликува на маркетинг. Дел од тие новини вклучуваат избор за промена на „заклучениот екран“ или позадината на главниот екран при прилагодувањето, можност за бришење на некои од Apple апликациите, додавање на алатката со која ќе може да се прикажуваат информации во живо на „заклучениот екран“ и слично.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПотребните карактеристики на телефоните за да можат да работат на Android 13 зголемени на 2GB RAM
Следна статијаРСБСП се приклучува на кампањата „Европска недела на мобилност 2022“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.