Android 13 почна да им станува достапен на корисниците на Google Pixel уредите најрано досега, односно од половината на август. Корисниците на овие телефони ќе можат да ја инсталираат најновата верзија од оперативниот систем, а останатите, односно корисниците на другите производители, како и секогаш, ќе мора да се надеваат дека тоа ќе можат да го направат до крајот на годината.

Со секоја нова верзија од Android се проверуваат и минималните хардверски карактеристики кои мора да ги имаат уредите за да можат да бидат лиценцирани од Google, а со тоа и да можат да ја инсталираат конкретната верзија.

За Android 13, поточно Android Go верзијата за послабите уреди, минималните карактеристики се дуплираат од минатата година, па сега уредите ќе мора да имаат најмалку 2GB RAM, како и 16GB простор за податоци, но второто не е проблем, барем за смартфоните.

Ова значи дека доколку некој корисник не ги задоволува овие карактеристики, нема да може да добие надградба на Android 13, а за новите уреди ќе мора да ги прават според овие барања доколку сакаат да добијат лиценца за користење на Google апликациите.

Сепак, во денешно време ретки се телефоните кои немаат барем 2GB RAM или 16GB простор за податоци, па проблем може да се јави единствено кај некои телевизори или Android уреди за телевизорите.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаСојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис
Следна статијаiOS 16.1 бета верзијата доаѓа со Clean Energy Charging функцијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.