Cortana-4-1024x576

Корисниците на некои од OnePlus уредите кои што работат на Cyanogen OS оперативниот систем почнаа да добиваат надградба на системот која што доаѓа со најавената интеграција на Cortana.

Соработката помеѓу Cyanogen и Microsoft е најавена минатата година, а покрај Cortana вклучува интеграција и на другите сервиси и апликации достапни од Microsoft.

Овој вид на соработки се дел од новата стратегија на Microsoft кои што се’ уште имаат многу мал и може да се каже незначителен дел од пазарот на мобилни уреди. Windows 10 Mobile е оперативниот систем којшто со универзалните апликации треба да ја промени оваа ситуација, меѓутоа до тогаш сервисите од компанијата се почесто ќе ги гледаме на другите повеќе користени платформи.

Од друга страна, Cyanogen најавија дека имаат за цел да го земат Android од Google, односно поради отвореноста на кодот на системот, да продолжат со уште поголем развој на нивната алтернативна верзија достапна во форма на Cyanogen OS и CyanogenMod на поголем број на уреди.

Верзијата на Cyanogen OS која што ја вклучува Cortana е 12.1, а корисниците можат да ја флешуваат на нивниот уред доколку се’ уште не е достапна како надградба.

За разлика од Cortana која што е достапна на Android како апликација, во интегрираната форма во Cyanogen OS ќе им повеќе функции и можности. Тоа е така поради целосната интеграција со оперативниот систем, па корисниците ќе можат да ја добијат функционалноста достапна досега само за Windows корисниците.

Извор: OnePlus Forums, Neowin, Windows Central

Претходна статијаLivestream Movi е мала камера која може да имитира снимање со повеќе камери одеднаш
Следна статијаПатент од Samsung додава можност за проектор и холограм на телефонот на преклопување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.