6a0168e68320b0970c01b8d18a8ecd970c

Samsung работи на телефон на преклопување, барем ако ги земеме во предвид патентите кои што ги имаат поднесено минатата година. Се разбира, од патентирање до претставување на комерцијален производ има многу, а голем дел од патентите никогаш и не доаѓаат до таа фаза.

Концептот на телефон кој што може да се преклопи е навистина интересен и веруваме дека ако не оваа година, во иднина сигурно ќе го најде местото кај масовните производи. Прво што ни доаѓа како замисла е можноста вашиот таблет компјутер од 8 инчи на пример, да го превиткате во помал уред кој што ќе можете да го носите надвор и користите како мобилен телефон.

На крајот од минатата година Samsung поднесе дополнителен патент поврзан со претходните кој што додава уште можности на уредот, покрај можноста за преклопување.

Според патентот, телефонот би доаѓал со проектор со што ќе се добие можност за прикажување на сликата на самиот уред или на друга површина.

Исто така, патентот укажува и на вградување на можноста за прикажување на холограм, односно 3D слики во воздух.

Повеќе информации сепак нема, а со оглед на тоа што и не знаеме кога еден ваков уред би бил евентуално преставен, може да очекуваме многу повеќе промени на почетниот концепт.

Во овој патент Samsung прикажува два вида на уреди кои што ќе се преклопуваат. Од ова може да се види дека во компанијата сериозно работат на овој концепт, па се надеваме дека ќе можеме да го видиме, барем како прототип, оваа година.

Извор: Patently Mobile, TechnoBuffalo, Ubergizmo

Претходна статијаCortana интегрирана во најновата верзија од Cyanogen OS
Следна статијаМарк Закерберг сака да си развие ВИ асистент за неговиот дом
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.