Ian Burkhart prepares for a training session in Columbus, Ohio. To move muscles in Burkhart's hand, the system relies on electrodes implanted in his brain, a computer interface attached to his skull, and electrical stimulators wrapped around his forearm.

Понекогаш некои импулсивни одлуки носат со себе доживотни последици. Велам понекогаш, а не секогаш, затоа што науката постојано се трка со „судбината“ со цел да докаже дека таа е променлива и дека секогаш треба да се верува.

Пред шест години сега 24 годишниот Иан Буркхарт (Ian Burkhart) ја скрши својата кичма поради несреќно нуркање на одмор со своите пријатели. Несреќниот скок во вода го парализираше од градите надолу. Но, благодарение на мозочниот имплант неговата повреда во `рбетниот мозок може успешно да се заобиколи.

Невролошкиот чип испраќа сигнали од неговиот мозок и ги пренесува надолу кон неговата десна рака. Оваа модерна технологија на парализираниот и осуден на инвалидска количка Иан, сега му овозможува да ги движи прстите во десната рака, да фаќа предмети, а со самото тоа му дава и многу повеќе мотивација за среќен и исполнет живот. Тој дури може да ги движи прстите независно еден од друг и да ја игра компјутерската игра Guitar Hero.

Кога сакаме да ги движиме екстремитетите (конкретно прстите) – нашиот мозок испраќа сигнали низ нашиот `рбетен мозок до дланката. Но, во случајот на Иан и сличните случаи како неговиот, токму тој сигнал е блокиран и прекинат на местото на повредата.

За да се заобиколи повредата, невролошкиот имплант вграден во моторниот кортес (делот од мозокот задолжен за движењата) претставува бајпас и ги детектира мозочните сигнали што мозокот на Иан сака да ги пренесе кон прстите, а потоа ги пренесува кон специјален електронски ракав со 130 електроди. Оттаму ракавот ги пренесува само коректните електрични импулси кон мускулите во неговата рака, така што тој може да го доврши движењето што го посакал во мозокот. И ова не е се`. Со упорност и повеќе вежбање тој може да го зголеми опсегот на своето движење уште повеќе.

Моментално системот е поставен на работна маса, што на Иан му оневозможува да го користи надвор од лабораторијата. Постои одреден проблем со прецизноста на имплантот. Истиот моментално користи 96 електроди за восприемање на мозочните сигнали. Тоа не е доволно за пренесување на прецизните движења, како на пример поставувањето на дланките на тастарура од компјутер. Затоа научниците планираат да го зголемат бројот на електродите на неколку илјади. Исто така сакаат да го намалат компјутерот за да може да се смести во самиот имплант. Научниците од Универзитетот во Охајо добиле дозвола да го користат овој систем на четири други испитаници. За да го усовршат овој систем научниците потрошиле месеци.

ian-burkhart-guitarra_0-1024x576

Ова достигнување објавено овој месец во зборникот Nature е прво достигнување од ваков вид. До сега не беше возможно парализираните лица да ја повратат способноста за движење со помош на своите мисли. Експериментот на Иан докажува дека мислите претставуваат навистина моќни енергетски вибрации. Ова се случува во реално време и се` што треба Иан да направи е да мисли на движењето за истото да може да се случи. Неговата искрена насмевка им дава нова надеж за повеќе верба на сите лица со посебни потреби во слична позиција како неговата, но тоа треба да не` поттикне сите да го цениме тоа што вродено го имаме и да не се обесхрабруваме никогаш, затоа што секогаш постои решение само доколку сакаме да го најдеме.

Имплантот дава нова надеж за парализираните
Имплантот дава нова надеж за парализираните

Извор: The Verge, Daily Mail, Wired

Претходна статијаLeSEE – нов целосно автономен електричен автомобил
Следна статијаПрвото музичко видео контролирано со помош на срцебиење