Во 2019 година беше објавена првата слика од црна дупка направена со помош на Event Horizon Telescope, телескоп составен од повеќе радио телескопи на Земјата. Ова беше посебно достигнување за науката која од тогаш може со многу повеќе информации да ги истражува црните дупки.
Сега со помош на вештачката интелигенција, поточно машинското учење, оваа слика е преработена и си подобрена резолуција, што значи дека е прикажана многу пореално и со повеќе информации за истражување.
Техниката која е користена за подобрување на сликата е наречена PRIMO – Principal-component interferometric modeling. Користени биле повеќе од 30.000 симулирани слики од црни дупки за да може да се дојде со најдобрата можна „претпоставка“ што иде на местата од каде што не се добиени доволно информации.
Се верува дека оваа слика сега е најблиску до како навистина изгледа една црна дупка. Истата сега се гледа дека има поголем централен дел, а хоризонтот, кој всушност може да се види е „потенок“ од првичната слика.
Целосниот процес на правање на сликата, како и новите откритија се објавени во The Astrophysical Journal Letters.
NASA објави и интересна статија во која на едноставен и краток начин ги објаснува основите за црните дупки. За истото има објавено и неколку „твитови“ кои можете да ги погледнете тука, како и статијата која е достапна тука.